Фудбалерите на Тотенхем убедливо го победија тимот на Њукасл во Лондон со резултат 5:1 (1:1).
Почетокот не навестуваше таков крај, бидејќи „Страчките“ први поведоа со голот на Шер во 39. минута.
Но, само четири минути подоцна стигна израмнувачкиот гол преку Дејвис и најавата за канонадата на домаќините понатаму.
Најпрвин Доерти донесе пресврт во 48. минута, а шест минути подоцна Сон зголеми на 3:а.
Во 63. минута четвртиот гол за домашните го постигна Емерсон Ројал, додека конечниот резултат го постави Бергвајн во 83. минута.
Тотенхем повторно е во зоната за Лигата на шампионите, барем до понеделник, кога својот натпревар ќе го одигра градскиот ривал и конкурент Арсенал.
Премиер лига, 31. коло
недела
Вест Хем – Евертон 2:1 (1:0)
Кресвел 32, Бовен 58 – Холгејт 53
Тотенхем – Њукасл 5:1 (1:1)
Дејвис 43, Доерти 48, Син 54, Емерсон Ројал 63, Бергвајн 83 – Шер 39
понеделник
21:00 Кристал Палас – Арсенал
Сабота:
Ливерпул – Вотфорд 2:0 (1:0)
Жота 21. Фабињо 89 (п)
Челзи – Брентфорд 1: 4 (0: 0)
Ридигер 48 – Џенелт 50, 60, Ериксен 54, Виса 87
Барнли – Манчестер Сити 0: 2 (0: 2)
Де Брујне 5, Гундоган 25
Вулверхемптон – Астон Вила 2:1 (2:0)
Џони 7, Јанг 36г – Воткинс 86
Лидс – Саутемптон 1:1 (1:0)
Харисон 29 – Ворд Праус 49
Брајтон – Норвич 0:0
Манчестер Јунајтед – Лестер 1:1 (0:0)
Фред 66 – Ихеначо 62