Норвешката гол машина Ерлинг Халанд постигна гол за водство на Манчестер сити по првото полувреме во дерби-пресметката со Ливерпул (1-0), со што воедно испиша нова страница од историјата на Премиер лигата.

За Норвежанецот ова беше 50. погодок во англиската елита, за што му требаа само 48 натпревари, најмалку досега од било кој друг фудбалер во англиската елита. Досегашниот рекорд беше во сопственост на Енди Кол, кој 50. гол го даде на својот 65. настап.

Халанд сега има дадено гол против 20 различни клубови од Премиер лигата, а ја нема затресено мрежата само против Брентфорд.

Голот на Халанд моѓете да го погледнете на 1,58 мин. од видеото.

dered”>