Лудо дерби се одигра во Дортмунд на Сигнал Идуна Парк помеѓу двете Борусии. Борусија Дортмунд ги фрустрираше своите фанови во првото полувреме на дербито со Борусија Менхенгладбах, но потоа ги почести со голем пресврт и победа (4:2).

Менхенгладбах водеше со 0:2 до 28. минута со головите на Реитц и Коне, но „милионерите“ направија вистински подвиг до крајот на полувремето.
Сабицер намали во 30. минута, само две минути подоцна Фулкруг израмни, а Бино-Гитенст направи целосен пресврт во 45. минута.

Точка на натпреварот стави Мален, кој во 97. минута ги постави конечните 4:2 и тоа со веројатно најлесниот погодок кој го постигнал во дресот на Борусија.

Победата за Борусија има уште поголемо значење поради поразот на РБ Лајпциг, па избраниците на Един Терзиќ се искачија на четвртото место во Бундеслигата.

И покрај денешниот успех, Борусија Дортмунд заостанува дури 10 бода зад лидерот Баер Леверкузен.

Екипата на Волфсбург по вторпат за еден месец му зеде скалп на РБ Лајпциг. По триумфот во Купот на Германија, вечерва „волците“ минимална победа со 2-1, а стрелци на головите на натпреварот беа Винд и Рожерио за победничкиот тим и Поулсен за „биковите“.

 

На останатите два натпревари победник немаше, Унион Берлин – Аугсбург и Фрајбург и Дармштад завршија со по 1-1.