Раководството на Барселона ја доставило последната понуда до Лидс Јунајтед за бразилскиот репрезентативец Рафиња. Според каталонски „Спорт“, Барселона нуди 55 милиони евра, плус бонуси. Ова е за 5 милиони евра повеќе од претходната понуда, која Лидс ја одби.

Од „Камп Ноу“ беа оптимисти дека оваа понуда ќе успее, што е чудно со оглед дека англискиот клуб всушност прифати многу повисока понуда од Челси за Рафиња од 60 милиони фунти (70 милиони евра).

Сепак, самиот играч, кој вчера ги почна тренинзите со Лидс, сака да се пресели во Барселона, за што го известил раководството на неговиот сегашен клуб. Сепак, се уште не е јасно дали трансферот воопшто ќе се реализира.