Денес започнува второ коло од ЛШ, а дуелот кој привлекува најголемо внимание се игра во Неапол на стадионот „Диего Армандо Марадона“, Наполи од 21 часот ќе го пречека Реал Мадрид.

Наполи и Реал Мадрид со победи стартуваа во новата сезона од ЛШ. Двата тима ќе влезат по убедливи победи во домашните првенства, се очекува навивачите да видат и голема борба меѓу ѕвездите на Гарсија и Анчелоти.

Елиф Елмас не се изнаигра на почетокот од сезоната, тој добива мала минутажа кај Руди Гарсија, очекувањата се дека денешниот меч ќе го почне од клупата за резерви.

Интересно треба да биде и на вториот натпревар, во Милано Интер го пречекува тимот на Бенфика кој во првото коло доживеа изненадувачки пораз на свој терен од Салцбург.

Салцбург го пречекува Реал Сосиедад, во 18 и 45 мин., а во истиот термин се игра и натпреварот меѓу Унион Берлин и Брага.

Во 21 часот играат  ФК Копенхаген – Баерн Минхен, Ленс – Арсенал, Манчестер јунајтед – Галатасарај и ПСВ – Севиља.

Големо дерби има и утре, во Дортмунд Борусија ќе го пречека тимот на Милан, а ќе биде интересен и мечот во Англија меѓу Њукасл и ПСЖ.

Утре денот ќе започне со натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Феенорд од 18:45 часот, тогаш се игра и дуелот на Антверпен и Шахтар.

Останатите мечеви од утрешниот ден кои почнуваат се Селтик – Лацио, Црвена звезда – Јанг Бојс, Порто – Барселона и Лајпциг – Манчестер Сити.