Во САД на дуелот меѓу Интер Мајами и Њујорк Сити се случи смешна ситуација. Се играше 57. минута кога Интер тргна во контра напад, но двајца играчи на истиот на изненадување на сите се судрија меѓу себе и завршија на земја, а на крајот одбранбениот играч на гостите без проблем ја одзеде топката, додека многумина се смееја на аматеризмот на фудбалерите на Интер.
Интер Мајами одигра 1-1 против Њујорк Сити.