Челзи стигна до убедлива победа во лондонското дерби против Вест хем со 5-0 во 35. коло од англиската Премиерлига и скокна на седмата позиција на табелата.
„Сините“ го издржаа притисокот од Вест хем на почетокот, по што почнаа да ја полнат мрежата на „чеканите“. Прв во листата на стрелци се запиша Палмер во 15. минута, а до крајот на првото полувреме стрелци беа и Галагер и Мадуеке.
Екипата на Маурицио Покетино продолжи во ист ритам и во второто полувреме, па преку Џексон ги постави конечните 5-0.
Челси е на седмата позиција со 54 бодови и подобра гол-разлика од Манчестер јунајтед, додека пред нив е Њукасл со 56 бода.
Брајтон го шокира составот на Астон вила со голот на Жоао Педро во 87. минута.