Фудбалерите на Бохум победија во Берлин со 4-3 во 32. коло од германската Бундеслига и се наоѓаат блиску до опстанок во елитата.
Бохум во првото полувреме постигна дури три гола, и тоа два преку Витек и еден преку Шлотербек, а тоа го разбуди Унион Берлин на почетокот на вториот дел.
Вертесен намали на 1-3 во 59. минута, а потоа погоди и Бедиа за да ја врати неизвесноста. Меѓутоа Хофман погоди во 70. минута за предност од 4-2, по што Холербах до крајот на мечот стрелаше за конечни 2-3.
Унион Берлин е на 15. место со 30 бодови, додека Бохум има три бода повеќе и се наоѓа блиску до опстанок.