Интер Мајами го доби дербито со Њујорк Ред Бул со 6-2 во дуел во кој главна ѕвезда беше аргентинскиот репрезентативец, Лионел Меси.
Со ова Лео дојде до најдобрата партија во кариерата барем стастистички, односно за првпат му се случи да биде „виновен“ за шест гола за екипата за која настапува.
Добитникот на „Златната топка“ за 2023 година, Лионел Меси, максимално ужива во МЛС лигата, Тој во дресот на Интер Мајами одигра уште еден фантастичен натпревар против Њујорк Ред Бул.
Овој 36-годишен аргентински фудбалер на тој начин собори два рекорди во МЛС лигата. Тој е прв по бројот на асистенции на еден натпревар, а втор по бројот на асистенции и голови на еден играч. Треба да се напомене и дека постигна еден гол.
Резултатот на полувремето беше 0-1, а единствениот гол за гостите го постигна Ванзеир. Рохас погоди во 48. минута за 1-1, а само две минути подоцна Меси на асистенција на Суарез погоди за 2-1. На два разлика зголеми Рохас во 62. минута, а потоа на сцена стапи Луис Суарез кој реализираше во 69., 75. и 81. минута од натпреварот. Гостите постигнаа уште еден гол од пенал во седмата минута од судиското надополнување преку Форсберг за финални 6-2.
Заедно со Суарез, Меси сега е водечки стрелец во лигата со десет гола, а има и најголем број асистенции во натпреварувањето, дури дванаесет.