Екипата на швајцарскиот Јанг Бојс го совлада тимот на Галатасарај со 3-2 и со минимална предност ќе оди на реваншот во Истанбул, во финална битка за влез во групната фаза од ЛШ. Уште поголеми чекори направијатимовите на Салцбург и Спарта Прага кои се пред вратите на елитното натпреварување, а Митјиланд пропушти да го совлада Слован Братислава играјќи 1-1.

Салцбург славеше против Динамо Киев на гости со 0-2, со головите на Нене и на Кјергард од пенал, а со ист резултат и Спарта Прага го победи Малме исто така на гости.

Јанг Бојс поведе со 2-0 по првиот дел со двата гола на Монтеиро, а потоа Галатасарај возврати со двата гола на Мики Батчуаи.

Сепак, Јанг Бојс славеше вреден триумф со гол од пенал што го реализира Филип Угриниќ во 86.минута од натпреварот.

https://twitter.com/i/status/1826362901440995498

Донекаде изненадувачка победа запиша Спарта Прага на гостувањето во Малме исто така од 0-2, со автоголот на Стригер Ларсен и погодокот на Ринес.

Екипата која ја исфрли Струга Трим Љум на стартот на квалификациите, Слован Братислава водеше, но одигра нерешени 1-1 на гости кај Мидтјиланд.