Бразилецот Роке го одби Спортинг од Лисабон, заминува од Барса, но останува во Шпанија!
Роке бираше помеѓу перманентен трансфер во Спортинг Лисабон или позајмица во Бетис. Бразилецот се одлучил за второто.
Се работи за чиста позајмица без опција за откуп.
Клубот од Севиља ќе му ја плаќа речиси целата плата додека игра за нив.