Францускиот првак Пари Сен Жермен дури во последните мигови од натпреварот се спаси од болен пораз против Рен на домашен терен играјќи 1-1. Гонсало Рамош од пенал во 97.минута го израмни резултатот и донесе бод за „светците“ и ги спаси од голема срамота.
Рен дојде до предност во првото полувреме. Мрежата на Донарума ја погоди Амин Гуири во 33.минута од натпреварот. Гостите беа во серија од четири победи во шампионатот, а и денеска без блиску до триумф но за малку не успеаја да стигнат до голема победа над гигантот ПСЖ.
https://twitter.com/i/status/1761813597104099410
ПСЖ останува убедлив лидер во Лига 1 со 54 бодови и има голема предност пред второпласираниот Брест, додека Рен сега е на седмата позиција, со вкупно 35 бодови на своето салдо.