Хофенхајм стигна до осмиот триумф оваа сезона во Бундес-лигата откако ја изненади Борусија Дортмунд на гости и славеше со 2-3.
Бебу уште во втората минута донесе предност за Хофенхајм, но брзо одговори Борусија Дортмунд. Дониел Мален израмни во 21. минута, а Нико Шлотербек само четири минути подоцна се погрижи за 2-1.
Сепак, последни се смееја гостите од Хофенхајм. Двоен стрелец во второто полувреме беше Максимилијан Бејер. Тој погоди во 61. и во 65.минута и обезбеди триумф за својот тим.
До крајот Борусија се обиде да се врати, најголемата шанса ја имаше во последните секунди, но Емре Џан со глава небранет од пет-шест метри биеше над голот.