Видео од фудбалски натпревар во Сенегал го обиколи светот затоа што таму е изведен веројатно најдолготрајниот пенал во историјата на фудбалот бидејќи на изведувачот му требаа дури 50-тина секунди пред да ја шутне топката.

Изведувачот зеде краток залет и се чинеше дека експресно ќе го изведе пеналот, но тогаш шок за сите. Тој тргна кон центарот на теренот, дојде до кругот на средината и тогаш тргна да пешачи кон топката. Кога стигна до 16-никот, зеде нормален залет со трчање и изведе маестрален потег и постигна гол со „Паненка“.