Манчестер Сити ја победи Астон Вила со 3-1 и се доближи на три бода негатива од лидерот Арсенал на врвот на табелата во Премиер – лигата.
Родри во четврата минута донесе водство за „граѓаните“, Илкај Гундоган во 39.минута зголеми на 2-0, а Ријад Махрез пред полувремето постигна и трет гол за Манчестер Сити.
Гостите од Бирмингем ја вратија надежта за да избегнат пораз во 61. минута, кога Воткинс погоди за 1-3, но немаа сила за повеќе од тоа.
Екипата на Пеп Гвардиола има 48 бода по 22 одиграни меча, додека Арсенал е прв со 51 бод, но имаат одиграно еден натпревар помалку од „граѓаните“.