Манчестер Јунајтед освои нови три бода во Премиер лига откако во 23.коло го совлада Лидс Јунајтед на „Еланд роуд“ со 2:0. Головите паднаа во финишот на натпреварот. Во 80 минута Маркус Рашфорд го отвори резултатот, а пет минути подоцна и младиот аргентински напаѓач Гарначо зголеми на два разлика.

Во финишот „црвените ѓаволи“ постигнаа уште два гола кои беа поништени поради офсајди, едниот на Рашфорд другиот на Вегхорст.

Манчестер Јунајтед по 23 одиграни натпревари е на второто место со 46 бода, а Лидс е на 17. место со 19 бода.