Ханси Флик ги воодушеви навивачите на Барса со филозофијата и пристапот кој го применува во Барселона, но уште повеќе ги освои фановите со вчерашниот потег по дуелот со Валјадолид.
Симпатичниот момент се случи по последниот судиски свиреж, кога Ханси Флик наместо да слави, го прегрна младиот дефанзивец и му се извини што не го ставил во игра.
https://twitter.com/i/status/1830200329012461791Форт се загреваше во второто полувреме и очекуваше шанса од клупата, но на крајот не дочека такво нешто и ќе мора да почека за нова шанса.
Со исклучок на голманите, тој е единствениот играч кој не добил шанса за игра од оние кои се на располагање, што доволно говори дека Ханси Флик знае добро да менаџира и во ситуација кога му недостасуваат доста првотимци.