Екипата на Глазгив Ренџерс е поразен во првото коло на шкотската Премиерлига со 0-1 на гости кај Килмарнок на „Рагби парк“ стадионот.

Домашните триумфираа со голот на Бредли Лајонс во 65-та минута. За Килмарнок ова е прва победа над Ренџерс после три и пол години. Голот може да го видите ТУКА.

За трофејниот Ренџерс воопшто не е добро што уште по првото коло има три бода негатива зад лутиот ривал Селтик.

Абердин на Бојан Миовски (одигра цел меч), денеска ја стартуваше сезоната со реми 0-0 на гости против Ливингстон, а бод освои и Мадервил на Давор Здравковски (беше на клупа) на гостувањето кај Данди.