Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство откако по повеќе од два часа драма, ја елиминираше Јапонија и тоа по подобро изведување на пенали. Резултатот во регуларниот дел беше 1:1, па мораа да се играат дополнитени 30 минути продолженија. И во овие продолженија немаше погодоци, па победникот мораше да се решава на пенали.
Во пенал рулетот, Хрватска беше поуспешна и славеше со 3:1. Во четвртфиналето следен противник на Коцкестите ќе им биде подобриот од вечерашниот меч меѓу Бразил и Јужна Кореја.
Во пенал драмата Јапонија прва шутираше, а резултатот се одвиваше вака: 0:0 Минамино шутира, Ливаковиќ брани, 0:1 Влашиќ, 0:1 – Итома шутира, Ливаковиќ брани, 0:2 Брозовиќ, 1:2 Асано, 1:2 Ливаја во стативата, 1:2 Тошида шутира, Ливаковкиќ брани, 1:3 Пашалиќ.
Во регуларниот дел од мечот, Јапонија прв пат на ова првенство беше во ситуација прва да даде гол. Откако против Германија и Шпанија со пресврти стигнуваше до победата, а од Костарика загуби во групната фаза, овојпат Самураите први се израдуваа на погодок.
По еден корнер во 43 минута, Даизен Маеда се најде сам во петерецот и без многу мака ја затресе мрежата на противникот.
Во второто полувреме Хрватска тргна агресивно и по само 11 минути стигнаа до израмнување. По нафрлување на Ловрен, Перишиќ на актрактивен начин со глава од 10-тина метри го матираше голманот на Јапонија и израмни на 1:1.
Од таа 56 минута, па се до 120 минута мрежите на двата тима мируваа, па на крајот мораше победникот да се решава по изведување на пенали каде на крајот подобра беше селекцијата на Хрватска.