Златан Ибрахимовиќ има проблеми со повредите оваа сезона, поради што одигра само половина час во дресот на Милан. Тој не беше во првото коло од Лигата на шампионите, во кое Милан беше поразен на „Енфилд“ со 3: 2.
Росоњерите ќе имаат големо првенствено дерби во Торино против Јувентус. Новинар од MilanNews го праша дали ќе се врати за таа игра. “Се уште не сум сигурен. Се опоравувам. Не е тајна дека имам проблеми со тетивите и не сакам да ја влошам ситуацијата”, рече шведскиот напаѓач.
Потоа даде изјава што во никој случај не беше карактеристична за него. “Сакам да бидам во форма цела сезона и треба да внимавам, не сум Супермен. Иако, проблемот е во тоа што работам многу и напорно и уживам во страдањата”, заклучил тој.