Фудбалерите на Ајакс, во вечерашниот наптревар од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, гостуваа кај тимот на Спортинг во Лисабон. Себастијан Халер е сигурно играчот кој го одбележа овој натпревар.
Имено, овој фудбалер од Брегот на Слоновата Коска вечерва четири пати ја затресе противничката мрежа, што само Марк Ван Бастен успеа да го направи во своето деби во Лигата на шампионите на натпреварот со Гетеборг, уште во 1992 година.