Кристијано Роналдо сака да замине од „Олд Трафорд“. Тој побарал раскин на договорот на средбата со раководството на клубот која се случи во вторникот. Напаѓачот ја пропушти претсезонската турнеја на тимот во Австралија, а неговиот агент Жорге Мендеш го понуди во сите големи европски клубови. Сепак, одѕивот и не беше сјаен.

Последниот потег што му остана на Роналдо е да добие раскин на договорот и потоа како слободен агент да се обиде да најде клуб што игра во Лигата на шампионите. Тој е опседнат со идејата и следната година да игра во ЛШ, за да може да ги подобри рекордите кои секако се во негова сопственост.

Манчестер Јунајтед пак повторно се фокусира на Нејмар. ПСЖ бара начин да се ослободи од Бразилецот, а раководството на „црвените ѓаволи“ смета дека тој би бил одлична замена за Кристијано Роналдо. Нова ѕвезда во клубот, нов маркетиншки потег, но и квалитетен играч за Ерик тен Хаг.