Виолетовите во овој дуел влегоа со низа од четири натпревари без победа во Серија А од кои дури три беа порази.
Негативната серија беше прекината во голем стил, со триумф од 5-1 над Фросиноне.
Деби гол за Фиорентина постигна Андреа Белоти кој во финишот од јануарскиот преоден рок пристигна на позајмица од Рома.
Покрај Белоти, во првиот дел голови дадоа и Иконе и Мартинез Кварта, па со водство од 3-0 се замина на одморот.
По осум минути игра во вториот дел, Нико Гонзалез погоди за 4-0, а во 66. минута Маџители реализираше за 4-1. Конечните 5-1 ги постави чехот Барак на пет минути до крајот на мечот.