Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски втор натпревар по ред постигнува гол за Асколи, овојпат погоди на гостувањето кај Лечо.

Пред паузата за репрезентации Несторовски даде гол, а веднаш и откако заврши таа нашиот фудбалер постигнува гол.

Асколи по првото полувреме води со 1-0 на гостувањето кај Лечо со гол на Несторовски во 35. минута. Македонецот искористи една грешка на одбраната на домаќините и лесно ја смести во нивната мрежа.