Ливерпул тргна офанзивно уште од самиот старт, но работата им беше олеснета во 37. минута кога Ешли Јанг доби втор жолт картон, Евертон остана со фудбалер помалку.
И покрај тоа што играа без еден фудбалер, Евертон одлично се бранеше. Конечно во 75. минута беше досуден пенал за Ливерпул кој го реализира Салах за водство од 1-0.
Во седмата минута од судиското продолжение, по една контра Нуњез несебично го проигра Салах кој даде уште еден гол за конечни 2-0.