Maкедонија игра натпревар против Летонија, а на самиот старт можевме да стигнеме до водство на необичен начин.

Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски од својата половина за малку ќе го совладаше колегата на спротивната страна откако Бојан Миовски не стигна до топката.

Димитриевски дегажираше, топката со помош на ветрот заврши пред противничкиот казнен простор, незгодно отскокна и за малку не го измами Матревикс, кој ја изби топката во поле.