Португалскиот ас Кристијано Роналдо со одлично издание учествуваше во победа на Ал Наср во првата лига на Саудиска Арабија.
Домаќините одиграа сигурно против еден од најслабите тимови во шампионатот и славеа со 5-1 во дуелот во кој гостите играа со играч помалку од 36 минута.
Во главна улога беше португалскиот ветеран Роналдо кој во второто полувреме од 65 до 87 минута постигна три гола и со тоа дојде до 64. хет-трик во кариерата.

Роналдо со 26 голови е прв стрелец во шампионатот, поточно има четири повеќе од Александар Митровиќ.