Милан ја победи Џенова со 0-1 и се искачи на првата позиција на табелата во Серија А со 21 бод, два повеќе од градскиот ривал Интер.
Беше тоа неверојатен натпревар, посебно драматичен во завршницата. Пулишиќ постигна гол за водство на „росонерите“ во 87.минута, а во судиското продолжение Мајк Мањан доби црвен картон.
Екипата на Милан по триумфот се искачи на лидерската позиција во италијанската Серија А по осум одиграни кола.
„Росонерите“ го искористија киксот на Интер и така го прескокнаа градскиот ривал со трите бода на незгодното гостување. Долго се мачеше Милан да го пробие противникот, а тоа успеа во самиот финиш.
Голманот на Милан беше исклучен, Пиоли ги имаше направено сите замени, па на голот застана Оливие Жиру. Џенова ја погодиу гредата, а Жиру имаше и една одлична интервенција.
На крајот, и Џенова остана без голман, откако црвен картон доби и Хосеп Мартинез.