Реал Мадрид славеше со 4-0 против Осасуна во рамки на деветтото коло од Ла Лига и повторно го зазеде лидерското место на табелата.
Џуд Белингам по само девет минути го совлада Ерера за предност од 1-0, а потоа со вториот гол на стартот на второто полувреме го најави триумфот на „кралевите“.
Во листата на стрелци за гигантот од Мадрид се запишаа и Винисиус Жуниор во 65. минута, како и Хоселу пет минути подоцна за конечни 4-0.
Реал Мадрид е прв на табелата со 24 бодови по девет одиграни натпревари, по што следи Жирона со 22, Барселона со 20 и Атлетик Билбао со 17 во топ-4.