Британската јасновидка Џемима Пакингтон, популарно позната како Мистик Вег, ги даде своите предвидувања за 2022 година. Со аспарагусот вели таа, гледа знаци на идни настани.
Мирор наведува дека успешно го предвидела Брегзит, подемот на Борис Џонсон, заминувањето на Хари и Меган од кралското семејство и многу други настани. “Прецизно предвидувам 75 до 90% од работите. Ми кажаа дека моите предвидувања оваа година се меѓу најконтроверзните, но јас само следам што ми кажува аспарагусот”, тврди Мистик Вег.
Така оваа јасновидка се испроба во прогнозирање на победникот на Светското првенство во Катар. Вели ќе биде – Хрватска. Таа додаде дека првенството ќе биде обвиено со контроверзии.
Дали ќе биде така останува да видиме.