Само во Јапонија. На национален средношколски турнир се случи нова сцена која го обиколи светот. Откако неодамнешниот гол на јапонски тим кога заиграа “оро” пред да постигнат гол стана мега популарен, сега на менито имаме пенал.
Пенал-рулетот помеѓу училиштата Киндаи и Рјуцу го понуди изведувањето на најдолгиот пенал во историјата на фудбалот. Фудбалерот на школата Рјуцу со број пет многу бавно дојде до топката, а пеналот траеше уште подолго.
Пред ударот правеше мали чекори и потскокнуваше, а му беа потребни речиси 35 секунди да дојде до топката. Сепак, го направи она што требаше да го направи. Тој упати удар во спротивна насока и голманот остана немоќен.