Килијан Мбапе по 20 минути игра по една грешка во одбраната на Селта, со убав гол го отвори резултатот и ги доведе „кралевите“ во водство.
Голот на Французинот беше и единствен по првите 45 минути. На стартот од второто полувреме домаќините стигнаа до изедначување кога во листата на стрелци се запиша Сведберг.
Победата за Реал Мадрид ја обезбеди Винисиус Жуниор на половина час пред крајот. Ветеранот Модриќ маестрално го проигра во празно, а Бразилецот го заобиколи голманот и откосо ја погоди противничката мрежа.
„Кралевите“ со овој триумф се изедначија со Барселона со по 24 на врвот на табелата, но каталонците својот натпревар од ова коло го играат во недела против Севиља.