Првото полувреме во Лондон помина во знак на напаѓачот на Брентфорд, Тони кој постигна гол во 46. минута за водство на домаќините, откако претходно промаши пенал и ВАР-технологијата му поништи погодок поради офсајд.
Њукасл во вториот дел за само седум минути направи пресврт, откако најпрво Брентфорд си постигна гол, а потоа Исак стрелаше за 2-1.
Тотенхем поведе со спектакуларен гол на кореецот Хеунг Мин Сон во 10. минута, по што Брајтон преку Данк израмни на 1-1, а потоа ВАР им поништи гол поради игра со рака на Велбек.
Победата на лондонскиот гигант ја обезбеди Хари Кејн во 79. минута, кога погоди за 2-1, по што Брајтон не успеа да се спаси од пораз.
Вулверхемптон триумфира против Челзи со голот на Матеус Нунеш продолжувајќи ја мизеријата на лондонските „сини“ во англискиот шампионат.
Останати резултати:
Астон вила – Нотингем Форест 2-0
Фулам – Вест хем 0-1
Лестер – Бормут 0-1