Вилијамс во 22. минута го матира Пачеко за водство од 1-0 на Атлетик Билбао, а ВАР-системот им поништи гол на домаќините во финишот на полувремето поради игра со рака на Брајтвајт.
Атлетик Билбао преку Нико Вилијамс зголеми на 2-0 во 75. минута, по што Еспањол преку Дардер намали на 1-2 во 90. минута.
Осасуна долго време се мачеше против Елче, кој дојде во водство преку Тете Моренте во 44. минута од натпреварот.
Домаќините жестоко напаѓаа кон голот на Елче барајќи израмнување, а конечно до погодок стигнаа во 71. минута, по што 13 минути подоцна погодија и вторпат за комплетен пресврт и победа (2-1).
Атлетик Билбао има 40 бодови на седмата позиција, по што следи Осасуна со 38 и тие екипи сè уште се во трка за Европа, односно до крајот на сезоната ќе го бркаат Вилјареал кој има 44 бода.