Атлетико Мадрид на гостински терен славеше над Селта од Виго (3-0) во рамки на десеттото коло од шпанска Примера.

Фудбалерите на Диего Симеоне ја постигнаа шестата победа во низа, во серија која започна со градскиот триумф во дербито со Реал Мадрид. Проблемите за Селта започнаа уште во 25. минута, кога голманот Виљар доби црвен картон.

Херој на натпреварот беше францускиот репрезентативец Антоан Гризман, кој постигна хет-трик во мрежата на Селта. Првиот гол Французинот го реализира од пенал во 29. минута, а потоа со два брзи голови, во 64. и 70. минута донесе триумф за мадриѓаните.

 

Атлетико е на второто место во Примера и се приближи до лидерот Реал Мадрид на минус од три бода.