Екипата на Манчестер Јунајтед стигна до триумф на гости кај Шефилд Јунајтед, славејќи со 1-2 против последнопласираниот тим во Премиер – лигата. Победничкиот гол беше дело на Диого Дало во 77.минута од мечот.

Скот Мектоминај донесе предност за „ѓаволите“ во 28.минута, но израмни Оливер Мекбурни само шест минути подоцна.

Шефилд Јунајтед останува на дното со само еден освоен бод, додека Манчестер Јунајтед сега е осмопласиран, со 15 бода.