Милан ја прескокна најголемата пречка во трката за титулата откако ја совлада Аталанта на „Сан Сиро“ со 2-0. Сега тимот на „росонерите“ има пет бода предност пред Интер, а во последното коло од Серија А ќе му гостува на Сасуоло. Милан е многу, многу блиску до титулата.
Немаше голови по првото полувреме, а потоа Рафаел Леао се погрижи за експлозија на трибините во 56.минута. На 2-0 зголеми Тео Хернандез во 75.минута и тоа беше крај за Аталанта на овој дуел.