Покрај Малески во тимот на колото од Струга ТЛ се и голманот Ќосевски, потоа Илиески и Ибраими. Сенгор со победа се прости од Шкупи, а покрај него на мечот со Скопје добро одигра и Хамиди. Коцев беше добар во одбраната на Брегалница, а Алтипармаковски стрелец на победничкиот гол против Македонија ЃП. Велиновски постигна супер гол за А. Пандев во Кратово, а во редовите на Работнички против Тиквеш одлични беа Алими и Рушевиќ.