Репрезентацијата на Србија дојде и до втората победа по ред на стартот од квалификациите за ЕП 2024, откако како гости во Подгорица, ја совлада Црна Гора (2-0).

Херој во српскиот табор беше напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, кој ги постигна двата гола во финишот од натпреварот. Резервистот првпат ја затресе мрежата во 78. минута, додека во шестата минута од судиското продолжение само го запечати триумфот на својата репрезентација.

 

Србите се први на табелата во групата Г со две победи, додека за Црна Гора ова беше прв пораз по минималниот триумф пред неколку дена на гостувањето кај Бугарија.