Македонскиот репрезентативец, Дејан Илиев со неговиот Сараево извојува победа над екипата на Вележ од 3-0 во дерби средбата од 29. коло во првата лига на Босна и Херцеговина.
Домаќините ги искористија своите шанси, постигнаа голови во вистинско време и дојдоа до три значајни бода во овој дуел во кој свој придонес имаше и голманот Илиев кој во финишот му одбрани пенал на Хркач.
Се играше 81 минута кога беше досудена најстрога казна, Анте Хркач ја презеде одговорноста, но Дејан го прочита и го одбрани ударот при водство на домаќините од 2-0.
Потоа Сараево даде уште еден гол за потврда на победата.
Со 45 бода Деки и неговиот Сараево се на четвртата позиција во шампионатот на БиХ.