Томас Милер постигна неверојатно остварување. Против Реал Мадрид на „Алијанц арена“, ветеранот на Баерн Минхен, го одигра својот 150. натпревар во Лигата на шампионите. Тој е само третиот играч во Лигата на шампионите кој одиграл толку натпревари за само еден клуб.
Милер се израмни со поранешниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас. Водечката позиција ја држи Чави со 151 натпревар за Барселона.
34-годишниот Томас Милер би можел да стане играчот со најмногу настапи во Лигата на шампионите за еден клуб доколку игра во реваншот со Реал Мадрид и Баерн стигне до финалето.