Мастерс турнирот во Мадрид ќе добие нов шампион по поразот на шпанскиот тенисер Алкараз. Актуелниот освојувач на турнирот во Мадрид, Карлос Алкараз беше елиминиран во четвртфиналето на мастерсот од страна на Андреј Рубљов со 6-4, 3-6 и 2-6.
Третиот рекет во светот во шестиот гем од првиот сет направи брејк за 4-2, а потоа без проблеми го освои сетот со 6-4.
Русинот отвори со 3-0 во вториот сет, а Шпанецот во седмиот гем пропушти шанса да ја врати неизвесноста, но пропушти три шанси и го загуби сетот.
Алкараз во последниот сет одигра ужасно лошо, откако на почетокот го загуби сервисот, а потоа и во петтиот гем за победа од 6-2 на Рубљов.