Екипата на Борусија Дортмунд го совлада Пари Сен Жермен со 1-0 во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите. „Милионерите“ обезбедија предност од еден гол, а доколку беа поефикасни во завршницата, можеа да остварат и поубедлив триумф.
Никлас Фулкруг беше стрелец на победничкиот гол за Борусија Дортмунд, по одличната асистенција од Нико Шлотербек.
Шлотербек од својата половина шспрати длабочинска топка преку француската одбрана а Фулкруг одлично ја прими и без размислување ја смести во мрежата на Донарума.
Фулкруг во 61.минута имаше уште една одлична можност по проигрувањето од Џејдон Санчо, но шутираше над голот.
Пари Сен Жермен имаше поголем посед на топката, во второто полувреме во една акција двапати погоди дирек, но не успеа да ја затресе мрежата на Кобел.
Реваншот се игра за шест дена во Париз.