Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума е на столбот на срамот во Франција откако и покрај приказните за фаулот на Карим Бензема, кумуваше на елиминацијата на „светците“ од Лигата на шампионите.

ПСЖ имаше активен резултат до последниот половина час, кога Реал Мадрид со три гола во мрежата на Донарума победи со 3:1 и се пласираше во четвртфиналето.

„Л’Екип“ му додели на репрезентативниот европски првак (пре)скромна двојка за изданието во Мадрид, а Италијанците не би биле Италијанци доколку не ја зачинат целата приказна.

Денешното издание на „Газета дело Спорт“ испрати порака до поранешниот капитен на Милан:

„Дојди дома, Џиџо!“ гласи насловната страница на најпознатиот италијански спортски весник, облечен во униформата на Мона Лиза, која своевремено од Италија беше преместена во Франција, а потоа настана скандал во обидот да се врати на „Чизмата“.

https://twitter.com/Guillaumemp/status/1502178351691145220?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1502178351691145220%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.net%2Fvest%2Ftransferi%2Fdonaruma-kao-mona-liza-hoce-li-se-istorija-ponoviti-461484

 

Истиот извор го поврзува Донарума со Јувентус, чиј прв голман е Војчех Шчесни, но Италијанецот е многу помлад и има подобра перспектива.

Знаејќи дека Донарума е поранешен капитен на Милан, тешко е да се замисли дека ќе им забие нож во срце на миланезите, но во фудбалот се е можно.

Младиот голман овој месец ќе дојде во Италија за баражот за Светското првенство против Македонија, а се претпоставува дека уште тогаш ќе се елаборираат овие најави.