Црвено-белите сакале да ги поздрават навивачите кои дојдоа да ги бодрат во Шкотска, но беа спречени од обезбедувањето. Највоинствени во туркањето биле голманот Милан Борјан и плејмејкерот Гуелор Канга, кои дури биле подготвени на тепачка со редарите. За среќа, разумот победил, па не дошло до посериозен инцидент.
Шкотските медиуми деновиве жестоко ги нападнаа црвено-белите поради одбивањето да го отстранат главниот спонзор од дресовите, со оглед што станува збор за руската компанија „Газпром“, како и навивачите на овој тим поради истакнувањето на знамето на Русија.