Челзи, како и целиот имот на Роман Абрамович е блокиран. За тоа дознале во клубот вчера наутро, на денот на натпреварот со Норвич .
На Томас Тухел не му беше лесно да го подготви тимот за натпреварот против Норвич. Утрото дознал дека клубот е во неволја и неговата продажба е блокирана, а блокирани се и сите можни приходи. Сепак, тој се обидува да продолжи понатаму.
„Се додека имаме доволно дресови и автобус за да одиме на натпревар, ќе бидеме тука и жестоко ќе се бориме. Одиме ден за ден, ова не го очекував вчера и не знам што ќе донесе утре. – искрено рече Тухел.
Играчите не можеа да избегаат од приказните за иднината.
„Секако дека се разговара и создава одредена непријатност. Веста што ја дознавме на денот на натпреварот беше изненадувачка, секако дека влијае, но не можеме да делуваме на тоа.
Тухел додава дека е среќен што е во клубот, но е свесен дека ситуацијата постојано се менува.
“Не можам да кажам дека сум загрижен, но свесен сум за сè. Ситуацијата се менува секој ден. Среќен сум што сум овде и што тренирам толку добар тим. Ова е голема промена од вчера до денес. но не можеме да влијаеме, не ја предизвикавме ние оваа ситуација. Во моментов изгледа дека фудбалски дел е заштитен, но ќе видиме што ќе се случи“.