Фудбалерите на Сосиедад го совладаа Кадиз со резултат 3:0 во рамките на 36. коло од Ла Лига.

Тимот од Сан Себастијан на тој начин ја задржа шестата позиција на табелата, додека на гостите им претстои голема борба за опстанок.

Кадиз е прв над зоната за испаѓање, со два бода повеќе од Мајорка.

На овој натпревар им пресудија Александар Сорлот во 19. минута, Аднан Јанузај од пенал во 53. и на ист начин Порту во шестата минута од надополнувањето.

https://www.youtube.com/watch?v=NTgSENHDxzw

Сосиедад во следното коло ќе игра против Виљареал, додека Кадиз ќе се сретне со шампионот Реал Мадрид.

Ла Лига, 36. коло:
Сосиедад – Кадиз 3:0 (1:0)
Сорлот 19, Јанузај 53п, Порту 90 + 6
20.00 Рајо Ваљекано – Виљареал
21.30 Реал Мадрид – Леванте

Вторник:
Валенсија – Бетис 0:3 (0:0)
Вилијан Хозе 57, Каналес 87, Иглесијас 90
Гранада – Билбао 1:0 (1:0)
Коладо 35
Барселона – Селта 3:1 (2:0)
Депај 30, Обамејанг 41, 48 – Аспас 50

Среда:
Алавес – Еспањол 2:1 (1:1)
Де ла Фуенте 7, Ескаланте 59 – Де Томас 14 п
Осасуна – Хетафе 1:1 (1:1)
Ојер 9 – Торо 20г
Севиља – Мајорка 0:0
Елче – Атлетико Мадрид 0: 2 (0: 1)
Куња 28, Де Пол 62

Standings provided by SofaScore LiveScore