Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ втора година по ред е прогласен за МВП во НБА лигата, објавено е на официјалниот сајт на лигата. Центарот од Сомбор доби 875 поени на гласање на кое учествуваа 100 спортски новинари. Јокиќ се врати во Сомбор по сезоната во НБА, во која неговиот Денвер беше елиминиран уште во првото коло од плеј-офот.
Српската јавност ја интересира дали Јокиќ ќе и се приклучи на српската репрезентација на претстојниот Евробаскет.
„Разговарав со тренерот Пешиќ, имаме план и ќе видиме дали ќе биде така. Ќе видиме. Мислам дека е можно и да заиграм“, рече тој на прес конференција.
Европското првенство во кошарка се игра од 1 до 18 септември во Чешка, Грузија, Италија и Германија. Србија е во групата со Чешка, Полска, Финска, Израел и Холандија.