Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одредени цените на билетите за дуелот меѓу Македонија и Бугарија кој на 26 септември ќе се одигра во Скопје во рамките на Лигата на нации.
Средбата ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“, а сите оние кои ќе сакаат да присуствуваат на истиот ќе мора да издвојат 250 или 350 денари. Влезниците ќе можат да се набават преку продажната мрежа на MKTikets, а едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на докуменети за идентификација.
Да потсетиме првиот дуел меѓу овие две селекции во Разград заврши со резултат 1-1.
Во моментов четата на Милевски се наоѓа на второто место на табелата зад Грузија со која пак ќе се соочиме на 23 септември на нејзин терен.