Македонската тенисерка Лина Ѓорческа тргна успешно на ИТФ-фјучрсот во Преров. Чешка, кој се игра на земјена подлога.
Нашата најдобра претставничка во „белиот спорт“ во првото коло ја совлада Вера Лапко од Белорусија која се наоѓа на 299. место на ВТА-листата. Мечот заврши со 2-0 во сетови (7-6, 6-2).
Македонката се намачи во првиот сет, но го доби благодарение на тај-брејк во кој славеше со убедливи 7-1, додека во вториот сет, Ѓорческа направи два брејка. Во следното коло Лина ќе игра со квалификантката Никола Бартукова.